За иднината на Кристијано Роналдо се пишува со месеци, а гласините одново добија на интензитет откако ЦР7 синоќа не беше стартер против Удинезе.
Се пишуваше дека самиот напаѓач побарал да остане на клупата за резерви бидејќи се надева дека ќе замине од клубот пред крајот на преодниот рок.
Свое видување за ситуацијата на Кристијано Роналдо сега даде Карл Хајнц Румениге.
„Најголем проблем е платата, кој може да му ги задоволи апетите? Заработува 70 милиони бруто, односно 35 милиони нето. Кој може да му даде ваква плата? ПСЖ? Можеби некој клуб од Англија? Не ми се допаѓа развојот на настаните, УЕФА мора да превземе нешто. Трошоците драстично пораснаа, доколку не се воведат одредени регулации, фудбалот го чекаат тешки времиња“ – вели поранешниот генерален извршен директор на Баерн Минхен во разговор со Билд.