На синоќешниот
дуел помеѓу Ница и Марсеј дојде до голем инцидент, домашните навивачи влегоа во
теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери. Хаосот започна кога во
75. минута, полетаа шишиња од трибините и го погодија Димитри Паје, а играчот
реши да возврати со иста мера и фрли шишиња кон публиката.
Ултрас навивачите
на Ница потоа се симнаа за да се пресметаат, веднаш притрчаа луѓето од обезбедувањето,
а во одбрана на своите фудбалери тргнаа и луѓето од стручниот штаб на Марсеј.
Еден од
помошниците на Хорхе Сампаоли дури и брутално нокаутираше навивач на Ница. Се
работи за Хорхе Десио, кој сигурно ќе заработи жестока казна.
One of the Marseille staff ran on and lumped a Nice fan ffs pic.twitter.com/Vq0aq1rN1u
— Pato (@jpaterson97) August 22, 2021