284
Реал Мадрид на Леванте му даде три гола но не победи, прими исто толку. Дефанзивната линија не функционираше како што посакуваат навивачите.
Анчелоти знае дека дефанзивата треба да се подобри, но смета дека проблемот не е во квалитетот, туку во приодот.
„Треба да напредуваме во дефанзивата. Но проблемот е во пожртвуваноста и концентрацијата, а не во квалитетот. Кога имаме проблем таму, треба сите да сме пожртвувани и фокусирани. Нападот беше добар, денеска потфрли дефанзивата“, вели Карло Анчелоти.