Мурињо сруши нов рекорд, па сам си се пофали на инстаграм (ФОТО)

by
0 минути читање

Мурињо стана тренерот кој најбрзо стигнал до 50 победи во Серија А откако е воведен системот со три бода за победа. На Португалецот му требале 77 меча за да дојде до победата број 50 во италијанската лига.

Мурињо е најбрзо стигнал и до 50 победи во Премиерлигата (63 натпревари) и Ла Лига (62 натпревари).

Португалецот сам си се пофали на својот инстаграм профил. Стави слика од твитот на „ОптаПаоло“ и напиша: „Ве молам не ги покажувајте моите негативни рекорди, само добрите“, по што се насмеа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×