Елмас: Кога топката дојде до мене, не помислував на ништо друго освен на постигнување гол

by
1 минути читање

Елиф Елмас има фантастичен старт на новата сезона во Серија А. Постигна гол за Наполи против Венеција во победа од 2-0 која неговиот тим ја извојува со десет фудбалери.

„Ова не беше лесен меч, особено што рано останавме со десет фудбалери. Навивачите ни помогнаа многу. Многу сум среќен што сум тука во Наполи, што играм со овои соиграчи и што можам да ја чувствувам пасијата на овие луѓе“, вели Елмас.

Среќен сум за голот, но посреќен сум за трите бода. Кога ја добив топката не размислував за ништо друго освен за постигнување на погодок“.

„Среќен сум што г-дин Спалети секогаш зборува добро за мене, но сакам да продолжам да ја докажувам мојата вредност. Тука сум веќе трета година и за мене ова е клучен момент“.

„Инсиње е нашиот капитен и лидер, нема потреба да го опишувам. Тој е клучен за нас и на теренот но и надвор од него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×