257
Само 15 минути му требаа на Лукаку за да го постигне својот прв гол за Челси. Тој погоди по асистенција од Рис Џејмс.
20 минути подоцна и самиот Џејмс се запиша во листата на стрелците по додавање од Маунт.
До крајот на мечот и двете екипи создадоа шанса, повеќе имаше Челси, но мрежите мируваа до крајот.
По две кола во Премиерлигата Челси има две победи, Арсенал два порази.
Во следното коло Челси му гостува на Ливерпул, а Арсенал на Манчестер Сити.