Интер ја отвори
новата сезона во Серија А со триумф од 4-0 над Џенова. Хакан Чалханоглу, кој
летово го напушти Милан и се пресели во лутиот градски ривал, имаше одлично
деби со асистенција и гол.
„Знам дека
навивачите очекуваат многу, се подготвувавме 45 дена, работевме напорно, вечерва
започнавме силно од првата минута и заслужено победивме. Сакам да им се заблагодарам
на фановите за поддршката, ќе го дадам максимумот за Интер, ќе сториме се што
можеме да ги направиме среќни“ – вели Хакан Чалханоглу.
„Знам дека Симоне
Инѕаги очекува погодоци од мене. Имаме одлична група на момци и лесно е да се
игра кога имаш квалитетни соиграчи кои добро се движат на теренот. Уживавме
денеска, прикажавме одлични перформанси и сакаме да продолжиме со вакви
партии“.