Жота и Мане му донесоа победа на Ливерпул над Барнли (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Ливерпул има сигурен старт на сезоната, две победи во првите две кола, овој пат тимот на Клоп беше подобар од Барнли.

Ливерпул напаѓаше во текот на целиот меч, а резултатот беше отворен во 18. минута кога по одличен центаршут на Цимикас, Жота со глава погоди за водство од 1-0.

Девет минути подоцна Салах постигна гол, но ВАР му го поништ поради офсајд.

Во 69. минута по една убава акција, Мане погоди по додавање од Александер Арнолд за победа од 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×