Килијан Мбапе ја одработува последната година од договорот, одбива да стави потпис на нов и се верува дека сака трансфер во Реал Мадрид. ПСЖ одбива да го продаде, па постои реална можност Французнот за беспари следното лето да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Ситуацијата сега ја прокоментира Донато ди Кампли, поранешен агент на Марко Верати, кој добро знае како се преговара со раководството на „светците“.
„Она што му се случи на Рабио, ќе му се случи и на Мбапе“ – вели Ди Кампли.
„За ПСЖ, сето ова е лично, не се работи за пари. Доколку Мбапе не стави потпис на нов договор, ќе дреме на трибини. Сеедно им е дали нема да добијат пари. Доколку треба да се обложам, ќе речам дека нема да замине. Ова го говорам од лично искуство“.
„Единствена надеж на Реал им е Леонардо, тој е фудбалски човек. Тоа е многу важно. Но многу тешко, практично невозможно е да биде продаден на Реал. Со Ал Келаифи и ПСЖ имате проблем, не ги интересираат парите“.
„Мбапе мора да внимава да не го навреди Емирот, тој ги влече сите конци и го има играчот во раце“.
„ПСЖ сака да купи историја, но историјата не се купува. Историјата се пишува, и тие не можат да го сторат тоа“.