Барселона доби
фудбалски бисер за скромни пет милиони евра во Педри пред две години, а нему му
беше дозволено да продолжи во Лас Палмас во второлигашката конкуренција, пред
официјално да биде промовиран во фудбалер на Каталонците ланската година.
Тоа што следеше
беше едно од најголемите феномени и рапиден развој во елитниот фудбал, слика
која ретко беше видена досега со оглед на големата инволвираност на 18
годишниот фудбалер на огромната бројка натпревари.
Договорот на
фудбалерот од средниот ред со Каталонците истекува идната година, меѓутоа во
истиот има и опција за дополнителни две години, а „Диарио“ извести дека
Барселона има во план да му понуди на тинејџерот нов, побогат договор кој би
бил со важност до 2026 година, а освен тоа, Роналд Куман навести и дека Педри конечно ќе добие одмор.
„Тој ќе игра
утре, меѓутоа потоа ќе има две седмици одмор, потребен му е“ рече Куман во
пресрет на утревечерното гостување кај Атлетик Билбао во второто коло од
Примера, откако во првото Каталонците со 4-2 беа подобри од Реал Сосиедад.
❝