Занети: Не можам да ги лажам навивачите на Интер, ова ќе биде тешка сезона…

by
1 минути читање

Потпретседателот
на италијанскиот првак Интер, како и легенда на тој клуб, Хавиер Занети не крие
од навивачите на клубот од Милано дека очекува оваа сезона да биде доста тешка
за „Нероаѕурите“.

Не можам да ги
лажам навивачите на Интер, можеби други би го сториле тоа, јас не би сакал
такво нешто да сторам, ова ќе биде тешка и комплицирана сезона
“ рече Занети.

Сево ова мора да
го признаеме за да биде фер кон сите, но морам да додадам дека ќе бидеме
компетитивни, Инзаги работи одлично
“ додаде потпретседателот на „Нероаѕурите“.

Јас не зборувам
многу, а сметам дека мојот молк говори доволно, сето тоа е во корист на Интер,
да се фокусираме само на случувањата на теренот, но би можел да испратам една
јасна порака до навивачите – повторно ќе дадеме се
од себе за овој дрес“ подвлече Занети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×