Хамес Родригез ги
разочара навивачите на Евертон откако не криеше дека не го знае противникот на
„Карамелите“ за второто коло од новата сезона во Премиерлигата, а извесен
период се шпекулира дека тој летово ќе си замине од „Гудисон Парк“.
„Ќе се вратам на
тренинзите од понеделник, барем така се надевам дека ќе биде“ рече Родригез.
„За овој викенд
нема да бидам во комбинација за настап, јас дури не знам против кого игра
Евертон, ве молам, ќе може ли да ми кажете?“ додаде 30 годишниот Колумбиец кој потоа за момент
се корегираше и се присети.
„Мислам дека сега
ќе гостуваат бидејќи претходно играа на домашен терен, ох… ќе играат против
Лидс, против тимот на Марсело Биелса, тежок меч, ќе видиме што ќе се случи, се
надевам дека ќе победат“ подвлече фудбалерот на „Карамелите“.