278
Џиџо Донарума летово
реши да замине од Сан Сиро и покрај тоа што на маса имаше понуда за продолжување на соработката со плата од 8 милиони
евра по сезона. Голманот бараше повеќе, „росонерите“ завзедоа цврст став па Италијанецот на крајот беспари го напушти Милан и се пресели во ПСЖ.
„Заминувањето на
Лукаку од Интер, од техничка гледна точка тежи исто колку заминувањето на Донарума
од Милан. Но Џиџо не донесе ниту едно евро, па боли повеќе. Морате да покажете
благодарност кон оние кои ве израснале, кои ви помогнале на вас и вашето семејство“
– вели Фабио Капело.
Ромелу Лукаку се
пресели во Челси за 115 милиони евра, рекорд кога е во прашање продажба на фудбалер
од Серија А.