23-годишниот Јовиќ вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт, клубот од каде се пресели во Реал Мадрид за 60 милиони евра.
Јовиќ се врати ова лето во Реал Мадрид со надеж дека во подготвителниот период ќе се докаже пред Карло Анчелоти и ќе биде дел од тимот.
Но информациите од Шпанија велат дека тоа нема да биде случај, поголеми се шансите Јовиќ да биде испратен на нова позајмица отколку да остане во тимот.
„Спорт“ пишува дека најблиску до потписот на Јовиќ во моментов е Интер кој остана без Лукаку ова лето.
Втората опција е нова позајмица во Ајнтрахт Франкфурт кој повторно го сака Јовиќ во своите редови.
Од преодниот рок има уште десетина дена, па Реал Мадрид брзо ќе треба да ја донесе одлуката.