Арсенал потврди дека Обамејанг и Лаказет се заразиле со ковид-19

by
1 минути читање

Арсенал потврди
дека капитенот Пјер-Емерик Обамејанг и Александре Лаказет биле помеѓу
четворицата позитивни случаи на ковид-19 пред мечот кај Брентфорд со што се
одбележа стартот на новата сезона во Премиерлигата.

Всушност, тој меч
кој го доби Брентфорд со 2-0 бил под закана да биде откажен, меѓутоа веројатно
поради големината на истиот како прв во новата сезона довел до таква ситуација
да се направат експресни тестови на останатите во составот на Арсенал.

Освен Обамејанг и
Лаказет, со коронавирус се заразиле уште и Вилијан и голманот Алекс Рунарсон, а
од сите наведени само Обамејанг ќе биде на располагање на Микел Артета за
дербито со Челси претстојниов викенд во второто коло откако Габонецот бил
негативен на последното тестирање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×