Бензема во Реал Мадрид до 2023, останува откупната клаузула во висина од една милијарда евра

by
1 минути читање

„ЛЕкип“ извести дека напаѓачот на Реал
Мадрид, Карим Бензема е на прагот да стави потпис на нов договор со „Кралскиот
клуб“ со кој ќе се обврзе на верност до 2023 година, актуелниот му истекува
идната година.

Се верува дека
официјалната потврда за оваа вест ќе се случи во текот на утрешниот ден,
односно наутро, а првиот човек на „Кралевите“, Флорентино Перез уште од
претходно стави јасно дознаење дека посакува францускиот напаѓач кариерата да
ја заврши во шпанската престолнина.

Откупната
клаузула во висина од една милијарда евра ќе остане и во новиот договор на
Бензема, а истата беше вметната во договорот од 2017 година.

Ланската сезона,
33 годишниот напаѓач постигна 23 погодоци на 34 меча во Примера, а генерално гледано во 12 години минати на „Сантијаго Бернабеу“, запиша фантастична бројка од 281 погодок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×