Бернардо Силва
ставил јасно дознаење во Манчестер Сити дека не сака да биде дел од било каков
договор за трампа во која би бил вклучен и самиот тој за ангажман на напаѓачот Хари Кејн
од Тотнем.
Шампионот на
Премиерлигата очајно го посакува Кејн во своите редови, меѓутоа, барем засега
како што стојат работите нема намера да го исполни барањето на „Спарси“ кое
изнесува цели 150 милиони фунти за обештетување.
Наместо да ја
исплатат целата сума, „Граѓаните“ се обидуваат да го вметнат и Бернардо Силва
во понудата, меѓутоа таа намера е безуспешна, поради тоа што и самиот
Португалец се противи на идејата да го облече дресот на Тотнем.
„Атлетик“ тврди
дека ниту на првиот човек на Тотнем, Даниел Леви воопшто не му се допаѓа идејата на
Манчестер Сити за Бернардо Силва, кој наместо тоа, посакувал преселба во
Шпанија.