Ливерпул ќе го направи Салах најплатениот фудбалер во својата клупска историја

by
1 минути читање

Ливерпул ги почна
преговорите со првата ѕвезда на својот тим Мохамед Салах за продолжување на
соработката, односно нов договор за Египјанецот со што тој би станал
најплатениот во клупската историја на „Редсите“.

Се верува дека
Ливерпул ќе му понуди четири годишен договор на Салах, а со истиот ќе има и
значително поголема плата од моментално најплатениот на „Редсите“, Вирџил ван
Дајк кој има неделна плата од 220,000 фунти, инаку Салах моментално има неделна
плата во висина од 200 илјади фунти.

29 годишниот Салах
досега постигна 126 погодоци, а запиша уште и 49 асистенции во 204 настапи по
трансферот од Рома во 2017 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×