„Ќе дојде, ќе го прегази својот тим, ќе земе голема сума на пари и ќе си замине дома“

by
1 минути читање

Поранешниот
фудбалер на Ливерпул, но и Тотнем, Џејми Реднап ја продолжи војната со
довчерашниот тренер на „Спарси“, моментално на Рома, Жозе Мурињо, со тоа што
упати нова „отровна стрела“ кон него.

Реднап постојано
упатуваше критики кон Мурињо поради очајните резултати на Тотнем, а сега тоа го
стори и во шоуто „Нивната Лига“ на „Скај“.

Вие знаете,
Мурињо е добар човек, тој ќе дојде, ќе го прегази сопствениот тим, ќе земе
голема сума на пари и ќе си замине дома, тоа е специјално, токму затоа тој е
Специјалниот
“ рече Реднап кој на свој начин го објасни добро познатиот прекар
на Мурињо, „Специјалниот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×