Валверде: Најдобро е да не ја знаете вистината за Меси

by
1 минути читање

Ернесто Валверде
во 2017 седна на кормилото на Барселона, донесе две титилу во Ла Лига, но лошите
настапи во Лигата на шампиони (Рома и Ливерпул направија два големи кам-бека) сериозно
му го разнишаа столчето, па кога „каталонците“ влегоа во резултатска криза во
сезоната 2019/20, тој доби отказ.

Тогаш се говореше
и за проблем зад цената, односно дека дел од ѕвездите влегле во конфликт со
тренерот, а имаше и стории за расправии помеѓу Ернесто Валверде и Лео Меси.

Во емисијата „Ел
Диа де Мањана“ на ЕТБ, Ернесто Валверде сега беше запрашан за гласините кои кружеа,
но стратегот одби да открива детали.

„Не можам да
кажам што се случи. Тоа е дел од мистеријата, подобро е луѓето да не знаат какви
сме навистина, и да мислат дека знаеме се. Најдобро е да не ја знаете вистината
за Лео Меси“
– вели Ернесто Валверде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×