208
Наполи беше решен сам да си прави дресови, но откако не ја реализираше таквата намера, во последен момент склучи договор со Џорџо Армани и дури сега ги промовираат новите дресови. Во подготвките ја носеа старата опрема.
Клубот денеска ги промовираше новите ЕА7 дресови дизајнирани од Џорџо Армани, договорот е потпишан за сезоната 2021-22.
Првиот дрес ја има традиционалната светло сина боја, вториот дрес е бел со жолти линии на ракавите и рамењата, третиот дрес е црвен.


