Арсенал во еден ден договори две засилувања вредни преку 60 милиони фунти

by
0 минути читање

Арсенал е прилично активен на трансфер пазарот, „топчиите“ до сега потрошија речиси 80 милиони фунти на Бен Вајт, Алберт Самби Локонга и Нуно Тавареш.

Клубот од Северен Лондон денеска договори нови две засилувања вредни преку 60 милиони фунти.

Попладнево беше пренесено дека Арсенал си подал рака со Реал Мадрид за трансфер на Мартин Одегард вреден 30 милиони фунти плус бонуси.

Вечерва пак пристигнаа информации дека „топчиите“ го договориле и трансферот на Арон Рамсдејл од Шефилд јунајтед, за услугите на голманот ќе бидат платени 24 милиони фунти, плус додатни 6 милиони фунти во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×