Јувентус го официјализираше трансферот на Каио Жорге

by
1 минути читање

Јувентус конечно
го официјализираше трансферот на Каио Жорге од Сантош, 19 годишниот напаѓач кој
потпиша договор со „Старата дама“ со важност до 2026 година.

Бразилецот имаше
медицински прегледи уште пред две седмици, меѓутоа мораше да се врати во
својата земја за да ја комплетира документацијата за трансферот во Јувентус.

Договорот на
Жорге со Сантош истекуваше годинава во декември, па така Јувентус добија
прилика да го ангажираат, а за таа цел имаа и конкуренција во ривалот Милан.

Сантош ќе се
задоволи со три милиони евра, а ќе добие и одредени бонуси, со тоа што
бразилскиот клуб го избегна најлошото сценарио да остане со празни раце во
јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×