159
Старо-новиот
напаѓач на Челси, Ромелу Лукаку се врати во старото јато за оваа сезона откако
за сума од 98 милиони фунти направи трансфер од Интер.
Белгиецот открива
дека во една прилика при меѓусебниот дуел помеѓу Интер и Баер Леверкузен во
Лига Европа при еден разговор со Каи Хаверц го советувал Германецот да потпише
за Челси, а тоа и се случи.
„Разговарав со
Каи Хаверц кога имавме меѓусебен дуел во Лига Европа, го советував да потпише
за Челси, не знам дали се сеќава на таа конверзација“ открива 28 годишниот
Лукаку во интервјуто за официјалниот клупски сајт на Премиерлигашот.