За прв пат во
новата сезона, првата ѕвезда на Тотнем, напаѓачот Хари Кејн тренираше во полн
ритам заедно со своите соиграчи од тимот.
По одморот кој го
мина на Бахамите, како и во САД, напаѓачот беше во изолација, а не беше целосно
подготвен за настап во дербито против Манчестер Сити изминатиов викенд кое „Спарси“
го добија минимално на свој терен во воведното коло од Премиерлигата.
Веќе извесен
период е познато дека Манчестер Сити прави напори да се договори со Тотнем за
ангажман на Кејн, меѓутоа клубот од Лондон не отстапува од бараната цена во
износ од 150 милиони фунти.
Тоа што е
интересно во моментов е фактот што „Спарси“ го вметнаа напаѓачот во составот за
Европската Конференциска Лига, а претходно самиот Кејн инсистираше на тоа дека
не одбил да тренира со тимот на Нуно Еспирито Санто, туку така било предвидено
и планирано.