Поранешниот
италијански фудбалер Алесио Такинарди верува дека Филипе Кутињо би бил и повеќе
од солидно засилување за Лацио во новата сезона, иако потсетува на тоа дека
Бразилецот не е истиот оној кој настапуваше во Интер.
„Тој не е истиот
фудбалер кого го гледавме во Интер сите тие години, но сега има повеќе
самодоверба“ смета Такинарди.
„Кутињо би можел
да биде одличен во комбинација по левата страна со Луис Алберто“ додаде
поранешниот фудбалер на Јувентус кој запиша 261 настап за „Старата дама“.
Кутињо е достапен
за позајмица, а тоа би можело да се реализира доколку Римјаните му исплаќа
половина од неговата плата, откако стана и повеќе од јасно дека плејмејкерот не
е во плановите на Роналд Куман.
29 годишниот
Кутињо ланската сезона успеа да запише само 14 настапи во дресот на
Каталонците, со тоа што запиша три погодоци и две асистенции, а вреди да се
додаде дека Лацио за новата сезона го врати неговиот сонародник, бившиот член
на Вест Хем, Фелипе Андерсон.