Искусниот
италијански фудбалски стратег Антонио Конте е еден од фаворитите да го наследи
Микел Артета доколку Шпанецот добие отказ од Арсенал.
Тренерското
столче на Артета и онака не беше на „сигурно“ ланската сезона, а дополнително
се разниша по поразот кај Брентфорд уште на стартот од новата сезона во
Премиерлигата.
Како за
потсетување, Конте претходно го одби лутиот градски ривал на „Топчиите“,
Тотнем, со образложение дека проектот не го убедил да го презеде кормилото на
таа екипа, алудирајќи на неамбициозност, а си замина од Интер поради
несогласувања со клупското раководство околу трансфер политиката на
италијанскиот првак.
Освен Конте, како
еден од можните наследници на Артета се споменува и предводникот на Лестер,
Брендан Роџерс.