Реал Мадрид, Барселона и Јувентус останаа сами, останатите „сепаратисти“ се вратија во ЕКА

by
1 минути читање

Арсенал, Челси,
Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Тотнем, Интер, Милан и Атлетико Мадрид се
вратија во старото јато, односно во ЕКА, откако нивната молба да се вратат беше
прифатена од одборот на асоцијацијата.

Со тоа, Реал
Мадрид, Барселона и Јувентус се единствените клубови кои останаа на своето да
се борат за Суперлигата, а мошне веројатно е дека истата одлука нема да ја
променат во најскоро време.

Инаку, нов
претседател на клупската асоцијација е првиот човек на францускиов вицепрвак
ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, а претходно истата функција ја обавуваше еден од
главните креатори за идејата за Суперлигата, Андреа Ањели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×