Емерсон Палмиери
би можел да биде на располагање на Наполи, каде би бил отстапен на позајмица, а
италијанскиот прволигаш би имал опција и целосно да го откупи неговиот договор
со Челси.
27 годишниот лев
бек беше прв избор на Лучијано Спалети за таа позиција претходно во Рома, а тие одново
би можеле да соработуваат, меѓутоа за трансфер постои мост помеѓу обата клуба
поради сумата од 20 милиони евра која Челси ја бара како обештетување.
Според
известувањата од страна на добриот познавач на трансфер пазарот, Николо Шира,
се верува дека постои одредена раздвиженост која Емерсон би го преселила во
Неапол, но најпрво на позајмица.
Всушност, Наполи
единствено посакува договор со позајмица, а во истиот да има и опција на крајот
од сезоната целосно да го откупи фудбалерот.
Се шпекулира дека
„Сините“ од Лондон ја активирале опцијата за продолжување на договорот на
Емерсон до 2023 година, со тоа што во една таква ситуација бекот би можел да
биде отстапен на позајмица.