Во Вест Хем се
уште се надеваат дека можат да го реализираат посакуваниот трансфер на Џеси
Лингард, кој во една полусезона како позајмен за „Чеканите“ блесна со девет
погодоци и пет асистенции на 16 настапи.
Како и да е, 28
годишниот фудбалер веќе се врати во стројот на Манчестер јунајтед, но од
таборот на Вест Хем и натаму прават напори да го обезбедат неговиот потпис, за
што сведочи и изјавата на тренерот од стручниот штаб на Дејвид Мојс, Стјуарт
Пирс.
„Ние би сакале да
ни се придружи во тимот, тоа е јавна тајна, Лингард беше неверојатен ланската
сезона“ рече Пирс во изјавата за „ТолкСпорт“.
„Топката е во
рацете на Манчестер јунајтед, тој е нивни фудбалер, а ние посакуваме да е со
нас, нема дилеми по тоа прашање“ додаде тој.
„Лингард е
специјално момче, многу добар со останатите соиграчи, сите тие имаат убаво
мислење за него, сепак, никогаш не може да се знае, а во овие моменти тој се
бори за место во тимот на Манчестер јунајтед“ заклучи Пирс.