166
Тренерот на Рајо Ваљекано се одлучи сезоната да ја почне со Лука Зидан на голот, а да го остави Димитриевски на клупата. Таа одлука се покажа како погрешна.
Лука Зидан имаше една лоша проценка во 16. минута, грешката сакаше да ја исправи со фаул, но доби директен црвен картон и беше досуден пенал за Севиља. Димитриевски влезе во игра, но не успеа да го одбрани пеналот на Ен Несри.
На овој меч Ерик Ламела дебитираше за Севиља, во игра влезе на почетокот од второто полувреме и постигна два гола за конечна победа од 3-0.