Мбапе беше исвиркан пред мечот меѓу ПСЖ и Стразбур, овации за Меси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пред почетокот на мечот се појавија петте нови засилувања на ПСЖ, Меси, Рамос, Хакими, Донарума и Вајналдум. Овации добија сите, а кога излезе Аргентинецот на теренот публиката беше во делириум.

Од новите фудбалери синоќа настапија само Хакими и Вајналдум.

На претставувањето на стартниот тим, Килијан Мбапе беше исвиркан од дел од публиката затоа што не сака да го продолжи договорот со ПСЖ.

Мбапе ги одигра сите 90 минути, постигнаа еден гол, и асистираше за погодок на Сарабија. Другите два гола ги постигнаа Икарди и Дракслер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×