Фабрегас: Баш сакав да видам како Меси ќе се снајде во Премиерлига… фудбалот таму е на друго ниво, не се споредува со Шпанија и Франција

by
1 минути читање

По две децении во
Барселона, Лео Меси оваа недела започна нова авантура во кариерата и потпиша за
ПСЖ. Ваквиот развој на настаните беше прокоментиран од Сеск Фабрегас, кој вели
дека преферирал да го види Аргентинецот во Премиерлигата.

„Пред десет дена
бев со Меси на Ибица, се чинеше дека се е договорено за негово останување во
Барселона. Но одеднаш работите се променија, таков е животот, и ти самиот знаеш
како се одвиваат работите во фудбалот“
– вели Шпанецот во разговор со Џо Кол.

„Одлично е за Лига
1 што ќе има играчи како Лео, Нејмар, Мбапе, Ди Марија или Серхио Рамос, ПСЖ крираше
супер-тим, како да играте на плеј-стејшн“.

Џо Кол потоа рече
дека се молел Лео Меси да се пресели во Премиерлигата, ако не во Челси, барем
во Манчестер Сити.

На ова, Сеск
Фабрегас одговори: „Како навивач на Барселона, секогаш чувствував дека треба да
остане таму до крајот на кариерата. Но исто така имав една мала желба, сакав да
видам како ќе се снајде во Премиерлигата“.

„Имам играно во
Шпанија, Франција и Англија, и според мене, Англија е поинаков свет, фудбалот таму
е на друго ниво, нема споредба. Квалитетот, интензитетот, конкурентноста… Тоа е најсилното
првенство, нема дилема, па сакав барем еднаш да го видам во Премиерлигата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×