168
Клубот од
Стемфорд Бриџ оваа недела го врати Ромелу Лукаку во своите редови за 115
милиони евра (околу 97,5 милиони фунти).
Според новинарот Кристијан
Фалк, пред да се реализира овој трансфер, на Челси му бил понуден Роберт
Левандовски. Агентот Пини Захави стапил во контакт со раководството на „сините“
и ги известил дека можат да го купат Полјакот за 80 милиони евра.
Сепак, управата на Челси
ја одбила можноста да го ангажираат Роберт Левандовски, сметале дека оваа сума е превисока за 32 годишен фудбалер.