Тотнем тргнува по Влаховиќ, дали Леви размислува да ја прифати понудата на Сити за Кејн?

by
1 минути читање

Според „Скај Спорт Италија“ и „Спорт Италија“, Тотнем ја зголемиле понудата на 60 милиони евра за Влаховиќ и сега се фаворити за потписот на Србинот.

Атлетико Мадрид има доставено понуда од 50 милиони евра плус бонуси.

21-годишниот напаѓач во моментов е во преговори со Фиорентина за нов договор во кој би била вклучена откупна клаузула од 70 милиони евра. Тоа значи дека Виолетовите веројатно би го продале и ова лето доколку добијат понуда блиску до оваа сума, а таа на Тотнем е таква.

Даниел Леви можеби гледа добра бизнис зделка, ќе купи напаѓач со голем потенцијал за двојно помала сум од таа за која може да го продаде Хари Кејн. 

Синоќа имаше информација дека Сити не се откажува од намерата за ангажман на Кејн, тие подготвуваат понуда од 150 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×