ПСЖ создаде дрим-тим, па многумина не веруваат дека тие можат да ги имаат сите тие фудбалери без да го прекршат финансискиот фер-плеј.
Францускиот гигант ова лето потроши само 60 милиони евра за трансфери купувајќи го Хакими, а како слободни играчи ги донесе Меси, Рамос, Донарума и Вајналдум.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи тврди дека тие максимално внимаваат на финансискиот фер-плеј.
„Го следиме правилата на финансискиот фер-плеј уште од првиот ден. Пред да направиме нешто, нашиот финансиски тим проверува се. Имавме капацитет да потпишеме со Меси и да ги испочитуваме правилата, секогаш ќе ги следиме правилата“, вели Ал Келаифи.
Со создавањето на овој тим, ПСЖ очекува да ги зголеми приходите, а со тоа да го зголеми и буџетот за трансфери за во иднина.