Интер договори ново засилување, Ашраф Хакими ќе биде заменет со Дензел Думфрис

by
0 минути читање

Интер го договори
наследникот на Ашраф Хакими, неколку извори од Италија пренесуваат дека „нероаѕурите“
си подале рака со ПСВ за трансфер на Дензел Думфирс.

Како што пишува
Спортмедиасет, Бепе Марта и неговите соработници успеале да го убедат клубот од
Ајндховен да го прифати предлогот вреден 12,5 милиони евра, плус додатни 2
милиони евра во бонуси.

Вечерва, или
утре, Дензел Думфрис треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи и
комплетирање на трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×