Првиот човек на ПСЖ од пресот на Меси испрати јасна порака до Мбапе: Сега немаш никаков изговор!

by
1 минути читање

Килијан Мбапе ја
одработува последната година од договорот со ПСЖ и преговорите за продолжување
на соработката подолго време тапкаат во место. Напаѓачот во неколку наврати
порача дека парите не се толку важни, колку што е важен спортскиот проект на
„светците“ и можноста да се борат за трофејот од Лигата на шампиони.

ПСЖ ова лето
донесе неколку ѕвезди како Серхио Рамос, Џиџо Донарума, Ашраф Хакими и Џини
Вајналдум, а ако ова беше малку, синоќа во Париз пристигна и Лео Меси,
најдобриот фудбалер на денешницата.

„Светците“ сега
имаат страшен тим, па првиот човек на клубот испрати јасна порака до Килијан
Мбапе.

„Мислам дека
сите знаат каква е иднината на Килијан, тој е играч на ПСЖ. Јавно кажа дека сака
конкурентен тим и сега нема поконкурентен тим од ПСЖ, па Килијан Мбапе повеќе нема
изговори, мора да остане“
– рече Насер Ал Келаифи на прес конференцијата на
која Лео Меси беше промовиран како ново засилување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×