Умтити постојано се поврзува со заминување од Барселона, но тоа никако да се случи. Дефанзивецот добива голема плата во каталонскиот клуб, а се чини дека тоа му е најважно, никогаш не се побунил поради малата минутажа.
За време на мечот со Јувентус, Умтити доби свирежи од навивачите на Барселона, но според „Мундо Депортиво“ тој инцидент нема да ја промени неговата состојба.
На Умтити не му е гајле за свирежите, од Барселона ќе си оди само тогаш кога за него ќе дојде понуда од клуб кој е конкурентен за титули и ќе му даде плата каква што добива во Барселона.
Таква понуда нема, а тоа значи дека тој ќе остане на платниот список на Барселона.
Умтити не е единствениот во Барселона кој се однесува така, слична е ситуацијата и со Кутињо, Дембеле…