Лопис продолжува со нападите: Заминувањето на Меси е сценарио по мерак на Перез, Реал ќе се засили со Мбапе

by
1 минути читање

Жауме Лопис си
поднесе оставка од функцијата во Барселона по вестите дека Лео Меси нема да го
продолжи договорот и веднаш започна со напади кон Жоан Лапорта.

„Морав да си
поднесам оставка, Жоан Лапорта ме разочаран, не го исполни главното ветување на
изборите, односно дека ќе стори се што може за Лео Меси да остане. Како членови
на Барселона, имаме право да ја знаеме вистината и што точно се случи“
– вели Лопис.

„Нема
транспарентност на целиот процес. Не е можно во четврток, адвокатите на двете
страни да бидат подготвени за потпишување на договорите и кога Хорхе Меси
пристигна, Лапорта да му каже дека нема преговори и дека се пропаднало. Сакаме
да знаеме што се случи во тие неколку часа кога Лапорта драстично го промени
курсот“.

„Мислам дека
голема засулга за минувањето на Лео Меси имаат генералниот извршен директор
Феран Ревертер и Флорентино Перез, тие го убедија Лапорта да се откаже и од
Меси и од ЦВЦ“.

„Феран Ревертер и
Флорентино Перез се пријатели со години, и тие го убедија Лапорта да ги прекине
преговорите“.

„Има уште 25 дена
до крајот на преодниот рок, има време да се најде решение. Но Лапорта одби да
преговара со Меси и со ЦВЦ“.

„Ова е сценарио
по мерак на Флорентино Перез, Реал Мадрид ќе може да се засиле со Килијан
Мбапе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×