Ериксен не може да игра во Интер, почнал да опипува теран за враќање во Ајакс?!

by
1 минути читање

Данецот
колабираше против Финска на Европското првенство, па мораше да биде опериран и
да добие Имплантабилен дефибрилатор на кардиовертер, уред кој го следи и
регулира ритамот на срцето.

Доколку еден ден
Кристијан Ериксен реши да се врати на терените, тој нема да може да игра во
Интер бидејќи законите во Италија не го дозволуваат тоа.

Па затоа често се
споменува дека Ајакс е една од опциите, и новинарот Омар Хаваш сега објави дека е
остварен контакт. Тој на Твитер напиша дека Кристијан Ериксен направил прв
чекор, клубот од Амстердам ја прегледал медицинската документација на
фудбалерот и дал зелено светло за трансфер.

Сепак, новинарот
Мајк Вервеј ги демантира ваквите информации и вели дека нема преговори за
трансфер на Кристијан Ериксен во Ајакс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×