Голем кикс на Аке, Лестер го совлада Сити за трофејот од Комјунити Шилд (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Пеп Гвардиола го
загуби првиот трофеј во новата сезона, вечерва, Лестер славеше против Манчестер
Сити во Комјунити Шилд.

На Вембли,
„лисиците“ стигнаа до триумф од 1-0 со гол од пенал во финишот од мечот. Аке
киксираше на работ од шеснаесетникот,
го собори Ихеначо во намерата да ја
поправи грешката, а судијата со мало задоцнување покажа на белата точка.

Ихеначо ја
превзеде одговорноста и погоди од 11 метри за големо славје на Лестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×