444
Се чини дека само прашање на време е кога ПСЖ ќе го соопшти Лео Меси како ново засилување. Голем број на извори пренесуваат дека преговорите помеѓу „светците“ и Аргентинецот брзо напредуваат.
Се работи за двегодишен договор со опција Лео Меси да одигра додатни 12 месеци во Париз. Што се однесува до платата, одредени извори пишуваат за 35 милиони евра по сезона, додека други пренесуваат за 40 милиони евра по сезона.
И во двата случаи, Лео Меси ќе биде најплатен фудбалер во светот.
Викендов ќе се пеглаат деталите, и доколку се оди според планот, Лео Меси утре ќе се поздрави со сега веќе поранешните соиграчи од Барселона и во недела ќе замине во Париз.