Партнер на Барса: Се беше договорено со Меси, Ла Лига даде амин… но нешто се случи во последните 48 часа

by
1 минути читање

Барселона синоќа
требаше да соопшти нова соработка со Лео Меси, но наместо тоа, беа објавени
шокантни информации, „каталонците“ известија дека Аргентинецот нема да продолжи
и ќе замине од Камп Ноу.

Прстот беше
вперен во Ла Лига и финансиските правила (селари-кап), Жоан Лапорта денеска се
правдаше дека Ла Лига не сакала да биде флексибилна па затоа напаѓачот нема да стави
потпис на нов договор.

Сепак, Жуаме
Рурес попладнево излезе со интересни коментари. Основачот и прв човек на
медиумската куќа „Медиапро“ и поддржувач на кандидатурата на Жоан Лапорта

(се шпекулира дека со 30 милиони
евра помогна да се соберат неопходната сума на пари) за претседател на
Барселона, сега вели дека се било договорено со Лео Меси и Ла Лига дала амин.

„Со сигурност
можам да кажам дека со денови се беше договорено со Лео Меси и Ла Лига даде зелено
светло за негова регистрација. Пред 48 часа, се беше подготвено Барса да ја
соопшти новата соработка, но нешто се случи“
– вели Жуаме Рурес за РАЦ1.

„Не знам што се
случи. Би рекол дека повеќе има врска со спортските планови околку со економски
несогласувања“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×