Агентот на Ериксен ја открива вистината околу враќањето на Данецот на терен

by
1 минути читање

Ериксен се врати во Интер, го посети тренинг центарот на клубот, се виде со соиграчите и останатите. Беше оценето дека тој е во одлична физичка и психолошка форма.

„Кориере дело Спорт“ напиша дека тој ќе се врати во игира за четири или пет месеци.

Но неговиот агент вели дека нема нешто такво, нема притисок и конкретна дата за враќање на Ериксен.

„Лично јас никогаш не сум слушнал тој да каже таккво нешто, да каже дека има јасна програма за враќање на одреден датум“, вели агентот.

„Како и сите други во оваа ситуација, Кристијан сака да биде во најдобра можна форма како татко, сопруг, син, брат и пријател што може да биде“.

„Нема датуми, нема притисок. Ништо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×