Меси заминува бидејќи Барселона не купила негов сонародник?!

by
1 минути читање

Се најавуваше
дека Барселона денеска ќе соопшти дека Лео Меси договорил нова соработка, но
наместо вести за нов договор, „каталонците“ пренесоа дека Аргентинецот нема да
продолжи.

Клубот од Камп
Ноу прстот го впери во Ла Лига, тие и Лео Меси си подале рака но не можеле да
стават потпис на документите поради финансиските правила на Ла Лига.

Сепак, неколку
извори велат дека имало и други пречки во преговорите, односно несогласување
околу трансфер политиката.

Наводно Лео Меси
побарал да биде ангажиран неговиот сонародник Кристијан Ромеро, тој бил
прилично импресиониран од изданието на дефанзивецот на Копа Америка и верувал
дека ќе биде одлично засилување.

Сепак, Барса
немаше пари за една ваква зделка и Кристијан Ромеро сега е на пат кон Лондон и
треба да потпише за Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×