Лео Меси во
понеделникот требаше да ги стартува подготовките за новата сезона, но со оглед
на тоа дека се уште нема ставено потпис на нов договор со Барселона, напаѓачот
е на продолжен одмор.
Тој се реши за уживање
на Ибица заедно со Луис Суарез и Сеск Фабрегас и семејствата на Уругваецот и
Шпанецот.
На Ибица, Лео
Меси се сретна со уште еден добар пријател, Нејмар а друштво им правеа уште
неколку фудбалери на ПСЖ, како Анхел ди Марија, Леандро Паредес и Марко Верати.
Во меѓувреме,
Мундо Депортиво пренесе дека се пеглаат последните детали помеѓу Барселона и
Лео Меси, Жоан Лапорта се надева дека до крајот на денот се ќе биде договорено и
веќе утре ќе пристигне соопштение дека „каталонците“ си подале рака со
Аргентинецот за продолжување на соработката.