Жиру: Бог сакаше да играм за Милан

by
1 минути читање

Жиру имаше одличен почеток во подготвителните мечеви за Милан откако постигна гол по само неколку минути игра. Тој верува во проектот на росонерите и цели кон освојување на трофеј.

„Сум освоил многу трофеи во секој клуб во кој сум бил, би сакал и тука да биде исто. Имам замислено цели во мојата глава, но не сакам да ги откријам, во спротивно ќе си ставам премногу притисок. Да речеме дека мојата крајна цел е да освојам трофеј со Милан“, вели Жиру.

„Дојде време да си заминам од Челси и да заминам во друга лига. Бог сакаше да играм за Милан. Ова е еден од најголемите клубови во светот и навистина верувам во проектот тука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×