163
Фортнајт е една од напознатите игри во последно време, многу фудбалери ја играат, а токму тоа го загрижува Мурињо.
„Фортнајт? Тоа е кошмар. Фудбалерите седат будни цела вечер играјќи го тоа срање и следниот ден имаат натпревар“, изјави Мурињо.
Еден од фудбалерите за кои се знаеше дека игра многу Фортнајт е Месут Озил. Многумина му замеруваа дека токму видео игрите се причината за падот во формата додека играше за Арсенал.