298
Рекордниот
трансфер на Пол Погба од 89 милиони фунти е пред уривање, Џек Грилиш е на добар
пат да стане најскап фудбалер во Премиерлигата.
Весникот Телеграф
попладнево пренесе дека Манчестер Сити доставил конкретна понуда до Астон Вила.
Џек Грилиш е приоритет на Пеп Гвардиола, па „граѓаните“ нема да штедат и на
маса ставиле 100 милиони фунти.
Се верува дека
Астон Вила нема да може да одолеа на ваква сума, особено доколку Џек Грилиш
изрази желба да напредува во кариерата и да заигра во клуб со кој ќе се бори за
титула во Премиерлигата и Лигата на шампиони.